📽️ СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО НЕПАЛ Автобус падна во клисура, 18 лица загинаа, 28 се повредени

Автобус излета од планинскиот пат Притхви во Непал. Спасувачките екипи ги извлекле повредените додека властите ја истражуваат причината за трагедијата.

117

Автобус преполн со патници излета од планински пат во Непал и се стркала во клисура, при што загинаа 18 лица, а 28 се повредени. Несреќата се случила рано утрово додека возилото се движело кон главниот град Катманду.

Причината за падот уште не е позната.






Информацијата ја пренесе „Нешнл Хералд“. Според полицијата, автобусот патувал од туристичкиот град Покара кон Катманду. Кратко по полноќ излетал од провинцискиот пат Притхви.

Возилото се стркалало по планинска падина и завршило на брегот на реката Тришули, во близина на округот Бенихат, околу 80 километри западно од главниот град.

 

Спасувачите пристигнале на местото на несреќата кратко потоа. Повредените биле извлечени од урнатините и префрлени во болници.

Автобуските несреќи се чести во Непал. Причините најчесто се лошата состојба на патиштата и слабата техничка исправност на возилата. Голем дел од земјата е планински и поврзан со тесни и опасни патишта.

Во 2024 година 2 автобуса со 65 патници паднаа во истата река. Повеќето загинаа или се водат како исчезнати. Остатоците од едното возило беа пронајдени дури оваа година, закопани во песокот.

 

Поврзани содржини