ОД ПОЛИЦАЕЦ ДО НАРКО-ИМПЕРАТОР НА СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА Картелот на убиениот Ел Менчо соборувал хеликоптери со ракети

Убиениот наркобос Ел Менчо во Мексико израсна од поранешен полицаец во еден од најмоќните нарко-босови во Латинска Америка. Картелот продавал фентанил во речиси сите делови од САД, а се прослави по бруталноста и по соборувањето воени хеликоптери со ракетни фрлачи.

1,601

Убиениот наркобос Ел Менчо во Мексико по чија смрт пламнаа во насилство 8 држави бил еден од најмоќните наркобосови во светот. Немесио Осегера Сервантес важел за клучен снабдувач со фентанил за американскиот пазар. За информации за 59-годишникот САД нудеа 15 милиони долари награда.

Тој беше човек кој од сиромашно детство во руралниот Мичоакан стигна до врвот на една од најмилитаризираните криминални организации во Латинска Америка.






Ел Менчо почина од тешки повреди по судир со мексиканската војска за време на безбедносна операција во државата Халиско. Операцијата била водена со помош од американското разузнавање.

– Еден од најкрвавите и најнемилосрдните нарко-босови – го опиша Ел Менчо оранешниот американски амбасадор во Мексико, Кристофер Ландау.

Мајк Виџил, поранешен функционер на ДЕА, ја нарече операцијата една од најзначајните акции во историјата на борбата против дрогата.

Смртта на лидерот на картелот Халиско Нова Генерација ја потврди мексиканското Министерство за одбрана. Картелот започна со палење автомобили и блокади.

Од Мичоакан до подземјето

Роден во сиромашно семејство во државата Мичоакан, Ел Менчо како млад заминал во САД. Таму бил уапсен за трговија со дрога и депортиран во Мексико.

По враќањето се приклучил на локалната полиција. Подоцна преминал во редовите на организираниот криминал, најпрво во картелот Миленио, од кој подоцна се роди CJNG.

Семејство во срцето на империјата

Неговата сопруга Розалинда Гонзалес Валенсија беше обвинета за финансиско перење пари. Таа се поврзува со криминалната група „Лос Куинис“, која важеше за финансиски столб на картелот.

Неговите синови исто така се поврзуваат со структурата на организацијата. Еден од нив, познат како Ел Менчито, беше уапсен и екстрадиран во САД.

Фото: Принтскрин

Собориле хеликоптер со ракетен фрлач

Картелот Халиско Нова генерација, основан во 2010 година, под негово водство се трансформира во паравоена сила. Организацијата користеше оклопни возила, тешко оружје и јавни демонстрации на сила.

Тие соборија воен хеликоптер со ракетен фрлач. Изведуваа координирани напади врз државни сили.

Продавал во сите републики во САД?

Картелот Халиско Нова генерација, основан во 2010 година, стекна озлогласена репутација за екстремна бруталност. Организацијата собори воен хеликоптер со ракетен фрлач и изврши десетици напади врз безбедносните сили.

Американската ДЕА го сметаше картелот Халиско Нова Генерацијаза главен соперник на картелот Синалоа и проценуваше дека има присуство во сите 50 американски држави.

Фентанилот како центар на кризата

Според податоците на американската царинска и гранична заштита од јуни 2025 година, 4.182 килограми фентанил биле запленети од октомври 2024 година.

96 % од количината биле пресретнати на југозападната граница со Мексико.

Помалку од 1 % биле запленети на северната граница со Канада.

Операција со американска поддршка и крвав одговор

Операцијата за апсењето на Ел Менчо се одвиваше во Тапалпа. Четворица членови на картелот беа убиени, а тројца војници беа ранети. Акцијата била планирана со разузнавачка поддршка од САД. Запленети биле оклопни возила, оружје и ракетни лансери.

По неговата смрт, картелот започна насилства во 8 држави.

Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум Пардо, се обрати на јавноста.

– Во поголемиот дел од земјата, активностите се одвиваат нормално – напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Гувернерот на Халиско, , Пабло Лемус Наваро, ги повика граѓаните да останат дома и да ги почитуваат предупредувањата со црвен код. Летовите кон Пуерто Ваљарта и Гвадалахара беа откажани од повеќе авиокомпании.

Политички последици и меѓудржавна тензија

Американскиот претседател , Доналд Трамп, претходно се закануваше со директни удари врз картелите.

– Картелите го водат Мексико – изјави тој во јануари.

Претседателката Клаудија Шајнбаум тогаш возврати:

– Распоредување американски трупи на мексиканска почва не е опција – изјави таа.

Поврзани содржини