46 УАПСЕНИ ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ТИРАНА Летаа молотови коктели, гореа контејнери

Покрај полициските службеници беа вклучени и специјални единици за разбивање нереди, а употребени беа водени топови и солзавец.

23

Во Албанија се уапсени 46 лица поради насилничко однесување на синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, кој траеше четири часа, и во кој врз владата и врз парламентот беа фрлани молотови коктели и пиротехнички материјали.

Судирите меѓу полицијата и демонстрантите започнаа веднаш по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, а продолжија пред Парламентот, каде што демонстрантите се обидоа да го пробијат кордонот на полицијата, а попатно запалија и многу контејнери за отпад.






Покрај полициските службеници беа вклучени и специјални единици за разбивање нереди, а употребени беа водени топови и солзавец.

Во објава на социјалните мрежи министерката за внатрешни работи Албана Коџиу го осуди, како што го нарече, вандализмот на демонстрантите, додавајќи дека нападот врз полицијата е кривично дело.

Опозициските демократи не добија дозвола за одржување на протестот, но полицијата имаше ангажирано над 1.600 полицајци, како и припадници на специјалните полициски единици и Националната гарда.

Бериша од протестот му порача на премиерот Еди Рама дека деновите му се избројани.

Поврзани содржини