ЖЕНИТЕ ВОЗДИВНУВААТ ПО НЕГО, А ТОЈ ЉУБИ МАЖИ Каква е животната приказна на холивудската ѕвезда Педро Паскал?

Откако деновиве се појавија фотографии на кои Педро Паскал е со Рафаел Олара, директор на синџир хотели во Флорида и Аргентина, се покренаа прашања за природата на нивната врска. Еве која е приказната на овој холивудски заводник

1,029

Популарниот холивудски актер Педро Паскал се најде во фокусот на љубопитноста на светската јавност, откако папараците го фотографираа во Њујорк во друштво на Рафаел Олара, директор на синџир хотели во Флорида и Аргентина, а фотографиите брзо покренаа прашања за природата на нивната врска.

На првиот сет објавени фотографии, Паскал и Олара беа фотографирани како шетаат низ градот, Рафаел ја имаше раката преку рамото на актерот, а тој се смееше.






Потоа беа снимени заедно во кино, а вистинска бура од возбуда предизвикаа кадрите во кои во текот на интимно шепотење, Педро Паскал го допира Олара.

Рафаел Олара претходно беше во врска со актерот Лук Еванс и таа врска беше следена од многу медиуми.

Паскал, ѕвездата од серијата „The Last Of Us“, роден во Чиле пред 51 година, режисерот Роберт Родригез го опиша со овие зборови: „Тој е забавен, хуман и многу топол човек“.

Љубовниот статус на Педро, и покрај силната желба на обожавателите да ги знаат сите детали, отсекогаш бил обвиен во превез на тајност. Единственото нешто што е сигурно е дека во 1990-тите тој бил во врска со својата колешка Марија Диција, со која глумел во серијата „Закон и ред“, а сè друго било само шпекулација. Во 2015 година, се појавија гласини дека излегува со ѕвездата од серијата „Менталист“, Робин Тани.

Педро отсекогаш бил силен застапник за правата на ЛГБТК+ заедницата, а во своето семејство има и трансродово лице. Неговата помлада сестра Лукс, исто така актерка и активистка, е родена како Лукас Балмаседа.

Лукс изјавиla дека токму поддршката од нејзиниот брат ѝ помогнала да помине низ процесот на транзиција, кој бил завршен во 2021 година.

Животната приказна на Педро Паскал, кој заработува 600.000 долари по епизода од серијата „The Last Of Us“, започнала во драматични околности. Тој е роден во чилеанската престолнина Сантијаго две години по воениот удар.

Неговите родители, татко гинеколог и мајка детски психолог, поддржувачи на соборениот претседател Салвадор Аљенде, не можеле да го поднесат крвавиот режим на Пиноче. Бидејќи мајката на Педро, Вероника Паскал, била во роднинска врска со убиениот Аљенде, Пиноче ја ставил на црната листа и ја држел под постојан полициски надзор.

Нејзиниот сопруг, д-р Хозе Балмаседа, еднаш му помогнал на ранет дисидент, за што бил уапсен и мачен.

– Дојдоа да го земат татко ми во болницата каде што работеше. Тој се искраде низ задната врата и истрча да ја земе мајка ми, а неговата сестра нè скри мене и мојата помлада сестра во нејзината куќа. Моите родители сфатија дека единственото нешто што им преостанува е да се кријат и да бегаат – раскажал Педро.

Искористувајќи го моментот на смена на стражата, Хозе и Вероника се прекачиле преку ѕидот на венецуелската амбасада, каде што ги поминале следните шест месеци. Штом им се укажала можност, ги зеле децата и на крајот избегале од земјата.

По краток престој во Данска, се населиле во градот Сан Антонио во Тексас.

Таткото на Педро, Хозе Балмаседа, специјализиран за третман на неплодност, отворил клиника со двајца колеги каде што развил иновативни третмани и стекнал репутација на светски авторитет во оваа област. Тој добро се снаоѓал сè додека во 1995 година не било откриено дека бил вмешан во скандал поврзан со нелегална размена на замрзнати јајце-клетки и ембриони. Во исто време, било откриено дека затаил данок од милион долари.

Од судскиот прогон избегал назад во Чиле со сопругата Вероника и две деца. Паскал и Лукас, кој станал Лукс, решиле да останат во Америка.

Поврзани содржини