ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една лента
АМСМ апелира на зголемена внимателност при движењето на овој патен правец.
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред наплатната станица Сопот од 21.00 часот се одвива само по десната коловозна лента.
Според АМСМ, станува збор за поголем одрон во должина од 80 метри, поради што се апелира на зголемена внимателност при движењето на овој патен правец.