НЕНАДЕЕН ПРЕКИН ВО ЖЕНЕВА Преговорите меѓу Русија, САД и Украина завршија без објаснување

Разговорите зад затворени врати во Женева завршија по два дена, а најавено е нивно продолжување „во блиска иднина“.

1,280

Трилатералните разговори меѓу Русија, САД и Украина завршија експресно денес во Женева, јавува дописник на РИА Новости.

Средбата на делегациите завршила околу 10:45 часот по централноевропско време и нема да продолжи денес, изјавил извор за руската агенција.






Медински: Разговорите беа тешки, но деловни

Разговорите за Украина се одржале зад затворени врати, потврдија руски медиумски извори. Безбедносните мерки во хотелот „President Wilson Hotel“ во Женева, каде што престојувале членовите на руската делегација, биле дополнително заострени.

Руската делегација го напуштила хотелот каде што се одржувале разговорите со САД и Украина.

– Преговорите траеја два дена: вчерашниот ден беше многу долг и се одвиваше во различни формати, а денес разговаравме околу два часа. Беа тешки, но многу деловни – изјави Владимир Медински, главен преговарач на руската делегација, додавајќи дека разговорите ќе продолжат „во блиска иднина“.

 

Засилени безбедносни мерки

Според извештаите, полицијата и обезбедувањето биле распоредени на влезот на хотелот, а полицаец на мотоцикл бил стациониран на паркингот. Руската делегација ја предводел помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

Во составот на руската делегација биле и:

Михаил Галузин, заменик-министер за надворешни работи

Игор Костјуков, началник на Генералштабот на руските вооружени сили

Американската делегација ја сочинувале:

Стив Виткоф, специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп

Џаред Кушнер, зет на американскиот лидер

Украинската делегација ја предводел началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов.

Умеров на средба со САД и европските партнери

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, по вчерашните трилатерални разговори во Женева одржал посебен состанок со претставници на САД и европските партнери – Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Швајцарија. Присуството на европските делегации во Женева не било однапред најавено, што ја направило средбата дополнително значајна.

– Завршив посебен состанок со претставници на САД и европските партнери – Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Швајцарија – објави Умеров на Фејсбук, наведувајќи дека биле разгледани резултатите од рундата преговори од 17 февруари, како и координацијата на понатамошните чекори.

Според Укринформ, Умеров нагласил дека е важно да се одржи заедничка визија и координација меѓу Украина, САД и Европа.

– Постои разбирање за заедничка одговорност за резултатот. Продолжуваме да работиме – изјавил тој.

МОСКВА И КИЕВ НИКОГАШ ПОБЛИСКУ ДО ДОГОВОР Четирите часа надмудрување во Женева вродиле со плод

Поврзани содржини