🎥 ОВА ШОКАНТНО ВИДЕО НЕ Е ФЕЈК, ОВА Е СТРАШНА ЛАВИНА Не сакате да го видите она што го видоа скијачите во Аоста!

Погледнете ги овие стравични снимки од ски-центарот Курмајор во долината Аоста во Италија. Снимени се во понеделникот на 17 февруари и покажуваат огромна лавина која буквално ги затрупува немоќните скијачи. Пријавени се 3 жртви на природната стихија.

133

Вакво нешто не се гледа секој ден. Оваа страшна лавина го погоди центарот Курмајор. Но, опасноста од лавини во Алпите во долината Аоста останува на највисоките нивоа 4 од 5. Лавини се пријавени и во Коњ и во Гресоне, како и во областа Пиемонт.






Поради силни снежни врнежи и нестабилната снежна покривка во регионот Вале д’Аоста во северна Италија, властите беа принудени привремено да затворат дел од регионалниот пат SR24 во долината Ремес.

Според информациите на локалните медиуми, лавините се случиле во неколку планински подрачја, а највпечатлива сепак е видео-снимката од Курмајор, која го документира моќното движење на снежните маси по алпските падини.

Спектакуларното видео, објавено во италијанските медиуми и на социјалните мрежи, прикажува лавина со големи размери која се спушта по стрмен планински терен, оставајќи зад себе облак од снег и прав.

Важно е дека регионалните служби за спасување и алпските спасувачки тимови веднаш интервенирале со хеликоптер, за да проверат дали има затрупани лица. Според официјалните информации, во моментот на интервенцијата не биле пријавени повредени или исчезнати, но медиумите подоцна објавија податок за 3 жртви на природната стихија.

Експертите предупредуваат дека комбинацијата од обилен свеж снег, силен ветер и нагли температурни промени значително го зголемува лавинскиот ризик во алпските региони, особено во зимскиот период.

Поврзани содржини