ВАРДАР ПОРАЗЕН ОД БЕНФИКА СО ПЕТ ГОЛА РАЗЛИКА Лош старт на главна рунда во Европската ракометна лига

Во вториот дел вардарци се обидуваа да фатат резултатски приклучок, но португалскиот тим не дозволи неизвесна завршница и со пет голови во своја полза го заврши мечот. На следниот натпревар Вардар ќе игра со Мелсунген на домашен терен. 

169

Ракометарите на Вардар загубија вечерва од Бенфика во Лисабон со 40:35 во својот прв натпревар од главната рунда на Европската лига.

„Црвено-црните“ добро го отворија натпреварот и по десетина минути игра имаа во два наврати три гола предност . Сепак, домаќините од 4:7 со серија од 3:0 израмнија, а набргу потоа дојдоа до водство кое до крајот на првото полувреме се искачи на убедливи 24:16.






Во вториот дел вардарци се обидуваа да фатат резултатски приклучок, но португалскиот тим не дозволи неизвесна завршница и со пет голови во своја полза го заврши мечот.

Хориха беше стрелец на девет гола Тузолана постигна осум погодоци, Валах имаше 10 одбрани. Ова се тројцата најистакнати во редовите на Вардар.

Кај Бенфика најефикасен беше Вајлупов со седум гола.

На следниот натпревар Вардар ќе игра со Мелсунген на домашен терен.

Поврзани содржини