ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Иран го затвори Ормускиот теснец, Вашингтон во шок

Секое, па дури и краткотрајно затворање на теснецот може веднаш да предизвика раст на цените на нафтата на светските берзи, нарушувања во синџирите на снабдување и зголемена неизвесност на финансиските пазари.

349

Иранските медиуми денеска објавија дека Иран ќе го затвори Ормускиот теснец неколку часа додека таму спроведува воени вежби.

Иран вчера објави дека ќе одржи поморски воени вежби во водните патишта важни за меѓународната трговија, низ кои минуваат 20 проценти од светската нафта. Иран претходно одржа вежби со боева муниција во Ормускиот теснец пред неколку недели, но не го затвори.






Полуофицијалната новинска агенција Тасним, блиска до паравоената Револуционерна гарда, соопшти дека ракетите лансирани од Иран по должината на брегот ги погодиле своите цели во Ормускиот теснец.

Иранската државна телевизија денеска објави дека разговорите со САД во Женева ќе бидат индиректни и ќе се фокусираат на нуклеарната програма на Иран и нема да се однесуваат на домашните политики, вклучително и на минатомесечното задушување на демонстрантите.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се заканува дека ќе употреби сила за да го принуди Иран да ја ограничи својата нуклеарна програма, а Иран одговори велејќи дека ќе возврати со напад.

Ормускиот теснец е еден од најстратешките морски премини во светот, бидејќи низ него секојдневно минува околу една петтина од глобалното снабдување со нафта, како и значителни количини течен природен гас. Секое, па дури и краткотрајно затворање на теснецот може веднаш да предизвика раст на цените на нафтата на светските берзи, нарушувања во синџирите на снабдување и зголемена неизвесност на финансиските пазари.

Иако Иран во изминатите децении повеќепати се закануваше со блокада на Ормускиот теснец – особено во периоди на зголемени тензии со САД – целосно и долготрајно затворање досега не е спроведено. Дури и за време на т.н. „Танкерска војна“ во 1980-тите, во рамки на конфликтот меѓу Иран и Ирак, пловидбата беше сериозно загрозена со напади врз танкери, но теснецот никогаш формално не беше целосно затворен.

САД ГО САРДИСАА ИРАН СО НОСАЧИ, АВИОНИ-ЛОВЦИ И БРОДОВИ РАЗОРУВАЧИ Опцијата за војна е подготвена, доколку пропаднат преговорите со Техеран

Поврзани содржини