📷 ТАЗИ ДУПКА НЕ Е ДУПКА НА КОСТУМОТ НА ЈУТА ЛЕРДАМ Виралното видео за хејтање на олимписката шампионка во скијачко лизгање е фејк

148

На социјалните мрежи масовно се шири видео со тврдење дека холандската олимписка шампионка во брзо лизгање, Јута Лердам, наводно доживеала голем пех со костимот (wardrobe malfunction) на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026. Објавите, како и Фејсбук постовите со сензационалистички наслови, создаваат впечаток за скандалозен инцидент на мразот, но проверката на фактите покажува дека станува збор за дезинформација.

Според фактчекинг анализа објавена од релевантни медиуми, виралниот клип воопшто не ја прикажува Јута Лердам. Напротив, видеото е погрешно припишано и всушност прикажува друга холандска лизгачка – Сузане Шултинг – која паднала и го оштетила тркачкиот костим на настан од Светскиот куп во 2025 година, а не на Олимписките игри.






Дополнителни проверки потврдуваат дека снимката е од натпревар во Хамар, Норвешка, неколку месеци пред Олимпијадата, кога Шултинг паднала во трка на 500 метри и тогаш дошло до кинење на оделото. Овој стар кадар подоцна бил изваден од контекст и повторно споделуван на интернет како наводен „олимписки инцидент“ поврзан со Лердам.

Клучен факт е дека нема ниту еден кредибилен спортски извештај, олимписки билтен или официјален медиум кој регистрирал било каков „wardrobe malfunction“ кај Лердам на Игрите во Милано–Кортина. Во спротивно, таков инцидент би бил широко документиран од големите спортски медиуми, што не е случај. Фактчекинг текстовите јасно наведуваат дека олимписката шампионка не била вклучена во ваков настан.

Можно е причината за виралните фејк снимки од Лердам на Олимпијадата е тоа што таа беше во центарот на вниманието поради спортски успеси, а не поради скандали. Таа освои златен медал на 1000 метри со олимписки рекорд и беше една од најекспонираните спортистки на Игрите.

Поврзани содржини