🎥 ХРВАТКА ПРОДАВА ВЕНЧАНИЦА СО ИСКУСТВО Духовит оглас на Фејсбук групата „Се за венчавки“ стана хит на интернет
28-годишната Катарина од Слатина, Хрватска, чиј духовит оглас за продажба на нејзината искористена венчаница стана вистински хит на Интернет, во разговор за хрватското „Браво радио“ раскажала дека после 5 деца, нејзиниот брак се распаднал, но дека е сега посреќна од кога било. Венчаницата ја продава затоа што ѝ требала машина за сушење алишта.
Девојка од Слатина стана вистински хит на социјалните мрежи откако објави оглас за продажба на својата венчаница со необичен и духовит опис, кој беше споделен во фејсбук групата „Сè за венчавки“.
Огласот за кратко време привлече големо внимание и собра стотици реакции и коментари. Во објавата таа наведе дека венчаницата била „купена по грешка, носена по грешка“, објаснувајќи дека ја набавила во налет на емоции, а ја облекла бидејќи веќе било доцна за откажување.
– Преживеа свадба, танц, торта и животни одлуки. Фустанот е во совршена состојба, за разлика од мојата проценка во тој момент – напиша таа.
Катарина, како што се потпишала во коментарите, истакна дека венчаницата е идеална за невести со смисла за хумор и за оние кои сакаат „фустан со искуство“. Таа појасни дека ја продава бидејќи „ја научила лекцијата“, додавајќи дека фустанот се продава без „младоженец“, без драма и без гаранција за брак. Наведе и дека големината е С/М, а фотографиите од свадбата ги избришала.
Духовитата содржина на огласот предизвика лавина позитивни реакции. Дел од корисниците коментираа дека станува збор за „најдобриот оглас што го прочитале“, додека други ѝ посакаа среќа и ѝ честитаа за смислата за хумор.
Откако нејзиниот хумористичен оглас стана вирален, девојката чие име е Катарина, гостувала и во емисијата „Браво! Јутро“ на хрватското Браво радио.
Во интервјуто таа открива дека венчаницата сè уште не е продадена, но дека има голем интерес за неа.
– Сè уште не е продадена, но има многу заинтересирани. Реков, ако не ја продадам сега, ќе биде изгорена на клада – се пошегувала таа, пишува Јутарњи.
View this post on Instagram
Катарина открила и уште некои детали за самата венчаница.
– Венчаницата е како на принцеза, со кристали одозгора и тил одоздола. Нема никакви оштетувања, единствено треба хемиско чистење. Цената е 300 евра, но може малку да се намали – рече таа, а потоа објасни зошто продажбата на венчаницата ѝ била важна.
– Решив да ја продадам затоа што ни треба машина за сушење алишта. Во куќата има пет деца, сите одат во градинка и во училиште, а планот беше да купам машина за сушење алишта откако ќе ја продадам венчаницата – рече таа.
Катарина, која има 28 години, исто така отворено проговори за распадот на нејзиниот брак.
– Искрено, воопшто не ми е жал. На почетокот беше убаво, но по раѓањето на најмладото дете, сè тргна наопаку. Потоа најде млада келнерка и бракот се распадна. Подоцна дознав дека, покрај овие пет деца, има уште едно. Значи, ништо повеќе не може да ме изненади денес. Сите ми велеа да не се мажам за него, дека неговото семејство не е добро. Си мислев: „Тој не е таков“. Се испостави дека е уште полош. Но, тоа е во ред, се учи од грешките – вели таа.
Инаку, жената од Слатина го родила своето прво дете на 20 години, а петтото на 26 години, но посебно се сеќава на едно породување.
– Четвртото дете се роди во лифтот. Стигнавме до болница, но не и до породилната сала – откри таа.
И покрај сè низ што поминала, Катарина денес живее помирен и посреќен живот.
– Најдов нов маж. Живееме со него, се сложуваме, среќни сме. Тој има две возрасни ќерки, јас имам пет свои деца, имаме мачка. Само треба да се ослободиме од венчаницата, а потоа ќе се ослободиме од сите спомени од тој ден – нагласи таа.
На крајот од интервјуто, Катарина им даде совет на сите слушатели, особено на слушателките.
– Размислете добро пред да го кажете судбоносното „да“ и немојте да се мажите само затоа што сте бремени – рече таа.
Екипата на радиото „Браво!“ одлучила да ја изненади Катарина и да ѝ ја исполни желбата, па ѝ подариле машина за сушење алишта. Исто така, ѝ испратиле порака да ги задржи парите од продажбата на венчаницата за себе и за своите деца.