ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ПОДДРЖУВА КК КРИВА ПАЛАНКА Инвестиција во младите и спортската култура во Македонија

Компанијата ја потврдува својата долгорочна заложба за развој на спортски проекти и тимски дух низ земјата.

20

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за КК Крива Паланка, продолжувајќи ја својата континуирана заложба за развој и унапредување на македонскиот спорт.

Како модерна и општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија инвестира во спортски проекти кои промовираат тимски дух, посветеност и победничка енергија. Поддршката за КК Крива Паланка е насочена кон младите, спортскиот начин на живот и заедништвото кое го создава спортот низ целата земја.






– Ова партнерство е дел од нашата мисија активно да придонесуваме кон развојот на спортската култура во Македонија – велат од Видеолотарија Касинос Австрија, додавајќи дека компанијата ќе продолжи да инвестира во проекти кои носат долгорочни позитивни ефекти за спортската сцена.

Од КК Крива Паланка изразуваат благодарност за поддршката и истакнуваат очекување дека соработката ќе прерасне во долгорочно партнерство:

– Веруваме дека оваа соработка ќе се развие во позитивна заедничка приказна за препознавање, поддршка и унапредување на женскиот спорт во Македонија. Како клуб постоиме веќе две децении, а низ нашата школа поминале повеќе од 5.000 млади кошаркарки и кошаркари од Крива Паланка – велат од клубот.

Со ова партнерство, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата сериозна и долгорочна определба за унапредување на спортската сцена во земјата.

Поврзани содржини