ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

Времето носи нагла промена со променливо облачно небо и повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни.

236

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Попладне на планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец.






Минималните утрински температури ќе се движат од 2 во Маврово до 11 во Гевгелија, а максималните дневни од 5 во Маврово и 18 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 16 степени.

В понеделник нѐ очекува променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во западните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 6 степени до 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, во променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).

Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 4 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 9 степени.

Поврзани содржини