САКАЛ ДА ПОТПКУПИ ПОЛИЦАЈЦИ, А ТИЕ ГО ПРИВЕЛЕ Албанец фатен со пари во патната исправа

Полицијата во Македонски Брод го лиши од слобода албанскиот државјанин З.Х. (31) поради сомнение за давање поткуп при сообраќајна контрола на товарно возило „мацан“.

132

Вчера во Македонски Брод, полицијата го лишила од слобода З.Х. (31) од Република Албанија, осомничен за давање поткуп. Инцидентот се случил околу 13:50 часот, при рутинска сообраќајна контрола на товарно возило „ман“ со албански национални ознаки.

Полицајците забележале пари во патната исправа што осомничениот ја приложил за увид. По постапувањето, јавен обвинител бил известен, а З.Х. останал задржан во полициската станица додека трае целосното документирање на случајот. Се очекува наскоро да биде поднесена соодветна пријава против него.

Поврзани содржини