📽️ ЧКЕМБАРИ НЕ ВЛЕГОА, МЕЧОТ НА КРАТКО ЗАПРЕ Драма на Купот на Македонија по само 5 минути игра

Натпреварот застана при резултат 8:6 откако гостите одбија да продолжат без своите навивачи. Пелистер се повлече во соблекувалната поради недозволениот влез на Чкембари во салата во Куманово.

388

Четвртфиналниот дуел од Купот на Македонија меѓу Куманово и Пелистер, најавуван како дерби на воведната рунда, беше прекинат по неполни 5 минути игра.

При резултат 8:6 за домаќинот Куманово, судиската тројка го запре натпреварот. По кратко чекање, кошаркарите на Пелистер се повлекоа во соблекувалната.






Причината била тоа што навивачката група на Пелистер, Чкембари, не добила дозвола за влез во салата во Куманово. Гостинскиот тим реагирал со напуштање на теренот.

Поврзани содржини