СИЈАРТО ГО ОБВИНИ ЗЕЛЕНСКИ ЗА МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ Украина блокира нафта за да влијае врз гласањето?

Унгарската власт отвори нов фронт кон Киев. Обвинувањата стигнаа директно од шефот на унгарската дипломатија, кој тврди дека Украина се вмешала во изборниот процес преку блокирање на нафтоводот „Дружба“.

337

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека Украина се меша во претстојните парламентарни избори во Унгарија. Тој го обвини украинскиот претседател, Володимир Зеленски, дека блокира испораки на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со цел да изврши политички притисок врз унгарската влада.

Сијарто пред новинарите изјави:






– Педесет и осум дена пред парламентарните избори, Украина многу очигледно се меша во нашиот изборен процес. Овој пат тие се обидуваат да ја загрозат енергетската безбедност на Унгарија. Претседателот Зеленски одлучи од политички причини да го блокира продолжувањето на испораките на нафта за Унгарија, иако нафтоводот е технички целосно способен да ги продолжи испораките без технички или оперативни пречки – наведе Сијарто.

Министерот исто така тврди дека Киев отворено ја поддржува опозициската партија Тиса. Според него, евентуална победа на Тиса би значела пресврт во унгарската политика.

– Ако Тиса победи, ќе дозволи Унгарија да биде вовлечена во војната, ќе дозволи унгарски пари да бидат испратени во Украина и ќе го одобри членството на Украина во ЕУ – потенцира Сијарто.

Тој додаде дека „суверената националната влада“ ќе ја заштити државата од надворешен притисок.

– Ние кажуваме „не“ на Брисел, кој не вовлекува во војна, „не“ за испраќање пари во Украина и „не“ на членството на Украина во ЕУ – истакна Сијарто.

Претходно, премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека Унгарија ги поставува условите за идно членство на земји во Европската Унија, имплицитно најавувајќи вето за можниот пристап на Украина до 2027 година. Според Орбан, влегувањето на Украина во ЕУ би отворил голем безбедносен и финансиски ризик за Унијата.

Поврзани содржини