ЛУК И ЛИМОН – ПОМОШ ПРИ КАРДИОВАСКУЛАРНИ И ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ Обезбедуваат силен имунитет и здраво срце
Познати се многу здравствени придобивки од лукот и лимонот одделно, а нивната комбинација е еден од најдобрите начини за поддршка на здравјето на крвните садови. Покрај тоа, лимонот е богат со витамин Ц за зајакнување на имунитетот, додека лукот има исклучителни антимикробни својства.
Комбинацијата од лук и лимон носи бројни придобивки за здравјето на нашето тело и е еден од најдобрите начини за поддршка на здравјето на крвните садови. Покрај тоа, лимонот е богат со витамин Ц за зајакнување на имунитетот, додека лукот има исклучителни антимикробни својства.
Одделно, лимонот и лукот се користат за бројни заболувања и се најпознати по нивниот ефект врз зајакнувањето на отпорноста на телото и самиот имунитет.
Оваа комбинација во готвењето често е одговорна за вкусни јадења со риба, и не е ни чудо што е дел од медитеранската исхрана, најздравата исхрана во светот.
Лук и лимон – здравствени придобивки
Лукот е прогласен за лековита храна поради неговиот исклучителен состав на витамини и минерали. Има антимикробни, антивирусни и антифунгални ефекти врз телото. Овие својства се припишуваат на активната состојка во лукот, соединение наречено алицин. Покрај алицинот, лукот содржи и многу други соединенија кои имаат антиоксидантни ефекти, а оние што содржат сулфур во својата структура се особено корисни и клинички интересни.
Повеќе за ова, како и рецепт за лековит напиток од лук и лимон, побарајте ТУКА.