И најголемите скептици мора да признаат: Македонија бележи значаен напредок

Само пред неколку месеци, администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави царини од 33% за македонските производи. Намалувањето на стапката на 15% веќе претставува значително олеснување, но уште поважно е што договорената рамка отвора простор за дополнително намалување за околу шеесетина стратешки производи.

2,256

Она што до неодамна звучеше како невозможна мисија, денес станува реалност. Со многу труд и верба со себе политичката реторика стана реалност. И најголемите скептици мора да признаат дека во краток временски период Република Македонија добива серија меѓународни потврди што ја менуваат перцепцијата за нејзината позиција во Европа и преку Атлантикот. По договорот за партнерство со Обединетото Кралство, а потоа, во јануари оваа година, по цели 26 години, Советот на Европа, преку своето Парламентарно собрание, го затвори пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија. Доцна синоќа, Белата куќа објави Заедничка изјава помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија за реципрочна трговија.

Овие три значајни настани јасно покажуваат и оддаваат формално признание за напредокот на државата во областите демократија, владеење на правото и економија. Исто така, изјавата го трасира патот за сеопфатен трговски договор, кој предвидува тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии дури и до 0%.
Од 33% до нова преговарачка позиција






Само пред неколку месеци, администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави царини од 33% за македонските производи. Намалувањето на стапката на 15% веќе претставува значително олеснување, но уште поважно е што договорената рамка отвора простор за дополнително намалување за околу шеесетина стратешки производи.

Премиерот Христијан Мицкоски уште во месец август 2025 година јавно изрази очекување дека тарифите ќе одат и под 15%. И еве, половина година подоцна, ние сме на прагот да се реализира тоа очекување, со што македонските компании ќе добијат поконкурентен пристап до еден од најголемите пазари во светот.
Овој успех не е случаен, тој е резултат на вистинска, посветена политика, долгорочна стратегија и цврста верба во реформите што ги води владата. Конкретните економски бенефити се веќе видливи, а овој процес создава и поширок доверлив и стабилен амбиент за инвестиции, развој на бизнисите и просперитет за граѓаните, кои се темелот на иднината на државата.

Затворање на едно долгогодишно поглавје

Паралелно со економските процеси, институционалниот напредок доби европска потврда. Затворањето на пост-мониторинг дијалогот од Советот на Европа по 26 години значи дека државата повеќе не се третира како земја под засилен демократски надзор.

Истовремено, укинувањето на постмониторингот од Европската Унија испраќа порака дека реформите во владеењето на правото и институционалната стабилност се движат во прифатлива насока. Тоа е сигнал на доверба што директно влијае врз меѓународниот кредибилитет.

Што значи ова во поширока смисла?

Кога ќе се поврзат сите овие процеси, станува јасно дека не станува збор за изолиран дипломатски успех, туку за поширок тренд: Прво: Европа испраќа порака на институционална зрелост. Второ: Велика Британија го продлабочува билатералното партнерство и трето: САД отвораат простор за поинтензивна економска соработка. Во услови на глобална економска неизвесност и зголемен протекционизам, ваквата серија позитивни сигнали претставува значаен исчекор за Македонија.

Секако, ниту еден од овие процеси не значи дека предизвиците исчезнале или пак треба да исчезнат. Преговорите продолжуваат, реформите мора да се продлабочат, а економските резултати допрва ќе се почувствуваат во реалниот сектор. Но, фактите се јасни: Република Македонија добива дипломатски и економски капитал што не може лесно да се игнорира.

Во тој контекст, апелот до опозицијата и до сите оние кои по разни основи се обидуваат да ги блокираат овие историски чекори е едноставен и недвосмислен: конструктивност, одговорност и поддршка се единствениот начин да се обезбеди напредок за граѓаните и за државата. Јалова критика, лични или тесни партиски интереси и опозиција само заради опозиција не можат и не смеат да ја сопрат земјата во момент кога се отвораат нови можности и се гради кредибилитет пред светот.

Република Македонија влегува во период на засилена меѓународна верификација, и сите кои се обидуваат да ги кочат овие процеси треба да разберат дека нивниот отпор штети и на иднината на граѓаните и на државата. Ова не е време за поделби, туку за конкретна работа, за резултати и за градење кредибилитет што ќе се памети. Тие кои се обидуваат да ги блокираат реформите и очигледниот позитивен процес треба да знаат дека секој непотребен отпор само ја одложува нашата поубава иднина, но не може да го запре она што Македонија го заслужува.

Поврзани содржини