ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТОДАВАЧИ БАРААТ ЗАКОНСКИ ДА СЕ СКРАТАТ ШТРАЈКОВИТЕ Да траат еден до два часа и да се најавуваат 60 часа порано

Работничката борба мора да се игра според јасни правила, велат работодавачите кои најавија дека планираат да покренат законска иницијатива за регулирање на фер рамка за синдикални активности.

52

Соочени со новиот бран штрајкови во Германија, работодавачите бараат ограничување на синдикалните активности (штрајковите и протестите на работниците) кои ,според нив, мора да станат „пократки, ограничени и вонредни“.

– Никој не сака да го укине правото на штрајк, но работничката борба мора итно да стане обврзувачка регулирана, во интерес на предвидливи процедури во процесот на формирањето колективни договори – изјави директорот на германскиот синдикат на работодавачи, Штефен Кемпетер.






Работничката борба мора да се игра според јасни правила, вели тој, додавајќи дека работодавачите планираат да покренат законска иницијатива за регулирање на фер рамка за синдикални активности, пишува dpa.

Серија штрајкови овие денови следуваат по бројните преговори меѓу синдикатите и работодавачите за колективните договори. Работодавачите се особено огорчени од предупредувачките штрајкови.

– Предупредувачките штрајкови мора да бидат временски ограничени… на пример, најмногу еден или два часа. Покрај тоа, гледаме политизација на штрајковите, а политички мотивираните прекини на работата се законски забранети. Прекините се дозволени само во конфликти околу цели и специфични работодавачи – вели Кемпетер.

Работодавачите, исто така, сакаат да ги дефинираат дозволените инструменти на работничката борба.

-Ова се, пред сè, штрајк и локаут, но со регулирана постапка. Меѓу другото, мерките на работничката борба мора да бидат објавени најмалку 60 часа пред нивниот почеток – додава тој.

Според него, тоа правило мора да се почитува во интерес на граѓаните кои не треба да бидат вовлечени во работничката борба.

Поврзани содржини