ДВАЈЦА МРТВИ, ЕДЕН РАНЕТ Пукање на државниот универзитет во Јужна Каролина

Официјалните претставници на универзитетот не го потврдија идентитетот на жртвите.

167

Две лица се убиени, а едно е рането во пукање во станбен комплекс на државниот универзитет во Јужна Каролина, САД.

Официјалните претставници на универзитетот не го потврдија идентитетот на жртвите.






Училиштето го затвори кампусот во Оринџбург синоќа околу 21:15 часот, кога пристигнал извештај за пукање. Блокадата траела четири часа.

Истражителите се на лице место, а полицијата патролира низ кампусот и околината.

Универзитетот ја откажа наставата за денеска.

Поврзани содржини