НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од ВМРО-ДПМНЕ

Има некои луѓе кои што се амбицираат како некоја групација, меѓутоа не сакаат да дојдат и да разговараат, не сакаат да ги соочат аргументите, затоа што аргументи немаат. Затоа што се платени од ВМРО-ДПМНЕ на коишто проектот ЗНАМ веќе им пропадна, и не може да сметаат повеќе на тоа, рече лидерот на СДСМ на вечерашната средба со општинските организации во Штип.

228

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека консолидацијата и внатрепартиското единство се клучни предуслови за зајакнување на СДСМ и, како што вели, за успешна борба против власта. Тој нагласи дека нема да дозволи внатрепартиски поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ.

– Има некои луѓе кои што се амбицираат како некоја групација, меѓутоа не сакаат да дојдат и да разговараат, не сакаат да ги соочат аргументите, затоа што аргументи немаат. Затоа што се платени од ВМРО-ДПМНЕ на коишто проектот ЗНАМ веќе им пропадна, и не може да сметаат повеќе на тоа – рече Филипче.






Претседателот на СДСМ упати порака и до оние кои се обидуваа да не успее Конгресот на СДСМ.

– Жалам што имаше другари, кои се обидуваа и конгресот да не успее. Пуштаа пораки на делегатите, им кажуваа да не доаѓаат. Сакам јасно и гласно да им кажам да им биде последно. На крај памет, не да направат нешто, да помислат нешто, да направат против партијата од која добиле се. Не станува збор за мене. Ние не можеме да работиме еден против друг, против СДСМ. Кој и да работи против, работи против партијата. Со тоа, во оваа ситуација и против државата – рече Филипче.

Според лидерот на СДСМ Македонија е заглавена држава без пари во буџетот во која на власт е старото ВМРО-ДПМНЕ од времето на Никола Груевски.

Поврзани содржини