📷 БЛОКИРАЧИТЕ КУЛТУРНО ГО ПРОПУШТИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА АПАСИЕВ Има ли политичка позадина во дејствувањето на ССМ?
Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина на дејствувањето на ССМ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објавувајќи фотка од возилото.
Денешните блокирачи на протестите на ССМ за поголема минимална плата го пропуштиле автомобилот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, и истиот е некултурно паркиран пред Собранието, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
„Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина на дејствувањето на ССМ“, вели Петрушевски на Фејсбук објавувајќи фотка од возилото.