ТРЕНДАФИЛОВ ВО ГЛАВНА УЛОГА НА ТЕАТАРОТ НАРАЧАН ОД СДСМ И ОД ЛЕВИЦА Да не тераше инает, овој месец работниците ќе добиеја зголемени плати за 40%
Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена, реагира Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Со ова се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДС и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДС и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДС и Левица – вели Манасиевски.
Тој додава дека Трендафилов ниту еднаш не кажал ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, не кажал ништо и кога инфлацијата била двоцифрена во времето на СДСМ и на ДУИ, не кажал ништо за ценовните шокови, не кажал ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчел кога платите во неколку институции во државата доцнеле со месеци.
– Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од Министерството за финансии. Или во превод, СДСМ и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор. Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати – додаде Манасиевски.
Претхосно , ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое наведе дека ако Трендафилов не терал политика, туку синдикална борба работниците веќе ќе имаа 40 отсто зголемена плата.
„Доколку Слободан Трендафилов, татиниот син кој стана претседател на гранков синдикат, исто како неговиот татко, за подоцна по еден неуспешен избор го преземе ССМ, не тераше инает, овој месец работниците ќе добиеја зголемени плати и за три години ќе имаа 40 отсто зголемена плата. Наместо синдикална борба, татиното синче Слободан реши да тера политика и на ССМ гледа како на политичка партија. Бидејќи Слободан е мераклија на политички битки, моментално најлесно е тоа да се направи преку нему блиската СДС, каде Зоран Заев, Венко Филипче го постави за в.д. стечаен управник. Барем политичкиот брак кој не се крие, ќе се официјализира“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на изјави на Трендафилов.