ОСУММИНА УАПСЕНИ ЗА ВОЗЕЊЕ БЕЗ ВОЗАЧКА Еден покажал фалсифукувана возачка од Обединетите Арапски Емирати
На сите нив возилата им се одземени и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Полицијата во само едно деноноќие уапсила осум возачи во Велес, Делчево, скопско, Битола и Прилеп, кои управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит или со фалсификувана возачка дозвола. На сите нив возилата им се одземени и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти МВР во дневниот билтен.
Во Велес на улицата Димитар Влахов, при сообраќајна контрола на „бмв“ со велешки регистарски ознаки, возачот И.Т. (29) од Велес на увид на полициските службеници им дал возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати. Утврдено е дека возачката дозвола е фалсификувана, а на неговата макдонска дозвола била изречена забрана. Возачот е уапсен, странската дозвола му е одземена и против него ќе биде покрената соодветна пријава, информира МВР.