В ЧЕТВРТОК ИЗБОРОТ Е МЕЃУ „ВРАБЕЦ ВО РАКА“ И „ГУЛАБ НА ГРАНКА“ Власта ги повикува синдикалците да ги прифатат понудените 40%

„Единствено решение што моментно може да се примени е зголемување на минималната и на другите плати во април годинава за речиси 14%, кое до 2028 година ќе стигне до 40%“ - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

1,154

Очекувам во четврток оние 7.700 вработени и нивните претставници да дојдат во Владата, да разговараат и на крај да го прифатат покачувањето од 40%“ – изјави Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на ТВ 24 во емисијата „Анализа“.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со соопштение упати повик до Самостојниот синдикат на Македонија и до неговиот претседател Слободан Трендафилов, како што вели, „барем еднаш да го стави во предност интересот на граѓаните и работниците, да ја остави политиката на страна и да го прифати предлогот на Владата за работниците да добијат повисоки плати“.






„За да нема негативни ефекти, како економска криза, зголемување на инфлацијата, дупки во буџетите, единствено решение што моментно може да се примени е зголемување на минималната и на другите плати во април годинава за речиси 14%, кое до 2028 година ќе стигне до 40%. Во денари тоа претставува зголемување од над 10 илјади денари на платите во администрацијата за само две години“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Пренџов во настапот на ТВ 24 нагласи дека инфлацијата сега, за разлика од изминатите години, е драстично намалена и дека преку дијалог со Владата, работниците во јавните сектори ќе го добијат покачувањето од 40%.

„Во поглед на државните вработувања коишто ги имаме, ние имаме политика на многу чесен однос кон секој еден синдикат којшто беше во Владата овие две години. Прво дојдоа преговори од образование добија кумулативно до крајот на нашиот мандат за 4 години околу 48%, потоа беа социјалните работници околу 20% покачување, исто околу 40% добија од здравството покачување на платите, 10% добија во МВР вработените, целосно се исплатени сите пари во рамките на одбрана и на Армијата“, рече Пренџов.

Поврзани содржини