И ШПАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЗАБРАНА Децата под 16 години нема да можат да користат социјални мрежи

Шпанскиот премиер при предлагањето на законот се повика на студијата „Дигитално детство 2025“, најголемата студија досега за влијанието на технологијата врз децата во земјата, и рече дека еден од четири ученици е жртва на онлајн вознемирување.

62

Шпанија се подготвува да донесе закон со кој ќе се забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 16 години, со цел спречување на онлајн вознемирување и зајакнување на менталното здравје. Парламентот во Мадрид го стави законот на дневен ред за гласање, за што генерално се согласуваат политичките партии во земјата.

– Околу 92 проценти од семејствата во Шпанија се загрижени за содржината до која пристапуваат нивните деца – рекол социјалистичкиот премиер Педро Санчез во ноември кога предложи таков закон.






Повикувајќи се на студијата „Дигитално детство 2025“, најголемата студија досега за влијанието на технологијата врз децата во земјата, тој рекол дека еден од четири ученици е жртва на онлајн вознемирување. На истата опасност минатата недела предупреди и опозицискиот конзервативец Хуанма Морено, претседател на најнаселениот регион Андалузија, на митинг во јужниот град Кордоба.

Шпанија, пред парламентарното гласање, чиј датум сè уште не е одреден, најде инспирација во Австралија. Минатиот месец таа беше првата земја во светот што ја забрани употребата на социјалните мрежи од страна на лицата под 16 години.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини