„СЕ ОБИДУВААТ ДА МЕ НАТЕРААТ ДА СЕ САМОУБИЈАМ“ Државната секретарка што отвори секс-скандал во Црна Гора изложена на психолошки притисок

Скандалот изби откако во јавноста се појавија интимни видеа и фотографии на Пајковиќ и поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност и актуелен советник на претседателот на Црна Гора, Дејан Вукшиќ. „Ме малтретираат по телефон, ме додаваат во разни групи. Државните органи се немоќни. Некој сака да немам место ниту живот во Црна Гора“ – изјави Пајковиќ за црногорските медиуми.  

1,766

Државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, Мирјана Пајковиќ, тврди дека поради секс-скандалот и објавувањето на нејзини приватни снимки била изложена на толку силен притисок, што во еден момент сакала да си го одземе животот. Таа во јавните настапи нагласи дека станува збор за организирана одмазда и политичка пресметка, а не за „обичен морален скандал“.

Скандалот изби откако во јавноста се појавија интимни видеа и фотографии на Пајковиќ и поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност и актуелен советник на претседателот на Црна Гора, Дејан Вукшиќ. По објавувањето на снимките, Пајковиќ поднесе оставка од функцијата, додека Вукшиќ претходно се повлече од советничката позиција, што дополнително ја засили јавната и политичката тежина на случајот.






– Ова не е секс-скандал, туку политичка одмазда и злоупотреба на мојата приватност. Бев изложена на огромен притисок и уцени поради приватни снимки. Се чувствував целосно небезбедно и психички уништено. Снимките беа искористени за моја дискредитација и замолчување. Ова е порака за замолчување до сите жени во јавниот живот. Не молчете – вели Пејковиќ.

Пајковиќ тврди дека била уценувана и дека приватните материјали биле злоупотребени со цел нејзина дискредитација и замолчување.

– Се обидуваат да ме натераат да извршам самоубиство. Тешко ми е. Чувствувам дека моето тело ме издава, но морам да соберам храброст и јавно да зборувам за сè. Има ноќи кога се плашам да спијам затоа што не знам што ќе донесе новото утро. Ме малтретираат по телефон, ме додаваат во разни групи. Државните органи се немоќни. Некој сака да немам место ниту живот во Црна Гора – изјави Пејковиќ за црногорските медиуми.  

Таа јавно повика надлежните органи да го истражат начинот на кој снимките доспеале во јавноста и нагласи дека ваквите случаи претставуваат сериозен проблем за заштитата на приватноста и правата на жените во јавниот живот. Пејковиќ посочува дека случајот има елементи на институционален притисок и злоупотреба на моќ

– Вукшиќ ми се закани со прогон и дека цела Црна Гора ќе ги види моите видеа. Мојата единствена среќа е што бев доволно прониклива да го снимам тој разговор. Знаев за каква личност станува збор, ми се закануваше неколку дена претходно. Го снимив за самозаштита. Ако го немав тоа видео, немаше да имам никакви докази за да го спасам мојот живот – рече таа.

Од друга страна, Вукшиќ ги негира обвинувањата и тврди дека не стои зад објавувањето на снимките, наведувајќи дека и самиот бил жртва на компромитација.

Вукшиќ тврди дека клучот на целиот случај е последица на кражбата на неговиот мобилен телефон во октомври 2024 година. Според него, телефонот бил нелегално земен од Пајковиќ и подоцна злоупотребен.

– Ги отфрлам сите неточни и тенденциозни обвинувања. Првпат ги видов овие содржини дури кога почнаа нелегално да циркулираат на социјалните мрежи – соопшти Вукшиќ.

Тој нагласи дека не учествувал ниту во создавање, ниту во дистрибуција на видеоснимките, додавајќи дека со кражбата му била грубо нарушена приватноста.

Случајот предизвика бурни реакции во црногорската јавност и отвори поширока дебата за злоупотреба на интимни содржини, политичка одговорност и границите меѓу приватниот и јавниот живот на функционерите.

 

СКАНДАЛ СО ЖЕШКИ СНИМКИ ЈА ТРЕСЕ ЦРНОГОРСКАТА АНБ Паднаа две оставки по објавените материјали од државна секретарка

Поврзани содржини