РЕНОВИРАНА ГИМНАЗИЈАТА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ ВО ТЕТОВО Најавени и други инвестиции во образованието

За само неколку месеци со навистина силна и посветена работа тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално – рече Мицкоски.

588

Новата реконструрана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, беше пуштена во употреба денеска, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами, како и министерката за образование Весна Јанева.

Министерката Јавена рече дека зградата е реновирана според најсовремени стандарди, со дотации од владата, од локалната самоуправа, како и општествено одговорни компании. Покрај оваа зграда, се реалицираат вкупно 10 проекти од сферата на образованието во Тетово, за кои се обезбедени 255 милиони денари. Реконструирани се основните училишта „Рилиндија“, „Гоце Делчев“ и Кастриот Скендербег“, а планирана е изградба на 6 спортски сали за основните и средните училишта во Тетово и тетовско кои немаат сали.






Премиерот Мицковски им се заблагодари на градоначалникот, на советниците и на министерството за успешно завршената работа.

– За само неколку месеци со навистина силна и посветена работа тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам на учениците и на наставниците коишто ќе учат и работат во овие простории да им посакам многу знаење, успех во работата и во учењето – рече Мицкоски.

Поврзани содржини