ЌЕ ДУВА УМЕРЕН ВЕТЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД И ОД ЈУГ Облачно време со локален дожд и снег на планините

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

67

Времето утре ќе биде претежно облачно, најавува Управата за хидрметеоролошки работи.

Во источните делови од Македонија ќе врне повремен локален дожд во пониските, а дожд и снег на повисоките места. На планините ќе има слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали.






Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Фото: УХМР

 

Најстудено утрото ќе биде во Берово и во Маврово, каде температурата ќе се спушти до минус 2 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 0 до 8 степени.

И во четврток ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во петок и во недела ќе преовладува претежно облачно време, со услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег. Во сабота и во понеделник ќе биде променливо облачно.

Фото: УХМР
Поврзани содржини