ЕВЕ ЗОШТО НАВИСТИНА СЕ ФРЛА ПРВАТА ВОДА ОД ГРАВОТ Потврдено е дека омиленото јадење може да предизвика труење

Како може гравот, кој е редовно на менито во многу домаќинства и кој е сметан за една од најздравите намирници да биде избран за отровно растение на годината? Ботаничката градина Хамбург-Вандсбек повеќе од 20 години го избира отровното растение на годината, а за 2026 година тоа е токму гравот. Еве како треба да се подготви за да се избегне труењето

153

Повеќе од 20 години, Ботаничката градина Хамбург-Вандсбек го избира отровното растение на годината.

Тие знаат за што зборуваат таму: меѓу цветните леи и грмушките растат многу растенија кои се заводливо убави, но исто така се и многу отровни.






Во согласност со традицијата што трае повеќе од две децении, германската ботаничка градина Хамбург-Вандсбек, , на изненадување на многумина, му ја додели титулата отровна билка за 2026 година на обичниот грав (Phaseolus vulgaris).
Со 516 гласови (30,0%), обичниот грав (Phaseolus vulgaris) беше избран за отровно растение на годината 2026, оставајќи зад себе многу класично опасни кандидати.

Станува збор за мешунка што редовно се користи во исхраната низ цела Европа. Во овогодинешниот избор, обичниот грав ги надмина добро познатите отровни растенија.

На второ место се најде Бругмансија (ангелски труби) (Brugmansia suaveolens) – 27,9%, на трето:

Кукута (пегава кукута) (Conium maculatum) – 16,4%,на четврто: Божиќна роза (Helleborus niger) – 14,2% и на петто: Волчја јагода (Daphne mezereum) – 11,5%.

Според германското списание Kraut und Rüben, целта на оваа одлука не е да се предизвика страв, туку да се подигне свеста за важноста на правилното подготвување на оваа храна.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини