ПРИБЕРЕТЕ СЕ ЕВРОПЕЈЦИ, ИЛИ СТЕ СО ТРАМП-РЕКС ИЛИ ВЕ ЈАДЕ Гувернерот на Калифорнија бара ‘рбет од Брисел

Тој е Т-рекс: или се дружиш со него или те јаде, вели гувернерот на Калифорнија повикувајќи ги Европејците да покажат 'рбет и да престанат да бидат пасивни соучесници во политиките на Трамп.

490

Демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, остро го нападна европскиот врв поради, како што вели, пасивност кон новите закани на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд. Настапувајќи во Давос, Њусом ја пренел пораката со невообичаена директност, јазик што повеќемина го нарекоа „непристоен, но искрен“.

– Време е да се соберете. Време е да станете сериозни и да престанете да бидете соучесници. Време е да се исправите, да бидете цврсти, да покажете малку ‘рбет.






Гувернерот, кој се позиционира како најгласен демократски противник на Трамп, продолжил со излив на разочараност кон европската политика на претпазливост:

– Не можам повеќе да поднесам да ја гледам оваа соучесничка пасивност, луѓето само се превртуваат на грб. Требаше да донесам еден куп штитници за колена за сите светски лидери. Мислам, се делат круни и се делат Нобелови награди, тие само се делат. Тоа е едноставно жално. И се надевам дека луѓето ќе сфатат колку жално изгледаат на светската сцена… Тоа е срамно.

Њусом целосно ја отфрлил можноста за дипломатски однос со Трамп.

– Тој е Т-рекс: или се дружиш со него или те јаде.

Бизнис-дописникот Пол Келсо од Давос изјавил дека јазикот на Њусом е бескомпромисен, но во склад со неговата нова улога, лидер кој зборува и за Америка и за Европа.

Поврзани содржини