ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД И СТРУГА Епицентарот на потресот е во Албанија

Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

333

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, денес во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8, соопшти Сеизмолошката опсерваторија

при Природно-математичкиот факултет во Скопје.






Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, опсерваторијта замолува доколку сте го почувствувале земјотресот, да пополнете прашалник на следниот ЛИНК или јавете се на телефонот 112.

Поврзани содржини