БЕЛГОРОД БЕЗ СТРУЈА, ГРЕЕЊЕ И ВОДА Украински ракетен напад остави половина милион жители во темнина

Украински ракетен напад ја урна електричната и грејната мрежа во Белгород, а жителите се снаоѓаат со фенерчиња и автомобили

1,025

Околу 600.000 жители на рускиот регион Белгород, кој се граничи со Украина, останаа без електрична енергија, греење и вода по украински ракетен напад, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.

„Ситуацијата е исклучително тешка, но екипите работат на враќање на електричната енергија“, напиша Гладков на својот Телеграм профил.






Снимките од Белгород покажуваат изгаснати улични светла, додека жителите се снаоѓаат со фенерчиња и фарови од автомобили за да се движат низ градот.

Регион Белгород, кој граничи со украинскиот регион Харков и пред војната имал околу 1,5 милиони жители, е редовна цел на напади од Киев откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година.

Русија често ја бомбардира електричната инфраструктура на Украина, предизвикувајќи дневни прекини на струјата, а оваа зима нападите ја погодиле и системската мрежа за греење. Во четвртокот навечер, половина од станбените блокови во Киев останаа без струја.

Температурите во поголемиот дел од Русија и Украина се далеку под нулата, што ја влошува ситуацијата за илјадници луѓе кои се без основни услови за живот.

Поврзани содржини