ПАТОТ СТРУГА-ЌАФАСАН ПОВТОРНО ДОЗВОЛЕН ЗА СИТЕ ВОЗИЛА Беше забранет за камиони и автобуси
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.
Патниот правец Струга – Ќафасан од 11 часот е пуштен за сите видови возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни оловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но, според АМСМ, во моментот не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
АМСМ потсетува дека граничниот премин Богородица (ГП Евзони) од 17 часот ќе биде затворен за сите видови возила.
Поради протест на грчките земјоделци, денеска, од 10 часот, на ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење товарни возила, која ќе биде во наредните 48 часа, заклучно со 10.1.2026 г. во 10 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.