ВО ДЕКЕМВРИ ПРИВЕДЕНИ 132 ЛИЦА ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Казнети биле 728 возачи под дејство на алкохол

Санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 441 пешак. Сигурносен појас не користеле 1.136 учесници во сообраќајот.

63

Во декември 2025 година, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 132 лица, од кои 109 за возење под дејство на алкохол, три за возење во забранет правец, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.






Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на декември евидентирани се 5.515 прекршоци за неправилно паркирање, 2.010 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 728 санкции за возење под дејство на алкохол.

Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 441 пешак. Исто така санкционирани се 1.136 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 356 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а 187 поради техничка неисправност. Санкционирани се и 110 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Поврзани содржини