МАКЕДОНЕЦ ИСЧЕЗНА ВО ПОЖАРОТ ВО КРАН МОНТАНА Се бара Стивен Ивановски, семејството моли за помош
Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на фотографиите.
Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен пат е виден за време на пожарот што избувна во новогодишната ноќ во барот „Констеласион“ во познатиот зимски центар Кран-Монтана.
Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите.
Семејството упатува молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или во Цирих, веднаш да контактираат на следните телефонски броеви: 0764150868,
0763857165 и на 0782295745.
„Братучед ми е исчезнат во пожарот во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот на социјалните мрежи напишан на македонски јазик.