АЛТА БАНКА ГИ ИЗРАДУВА ПЕНЗИОНЕРИТЕ Уште денеска ја исплати пензијата

Со оваа активност, велат од АЛТА Банка уште еднаш ја потврдуваме посветеноста кон континуирано унапредување на квалитетот на услугата, грижата за клиентите и обезбедувањето стабилно, сигурно и навремено банкарско работење.

65

АЛТА Банка, во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, обезбеди дополнителна погодност за своите клиенти пензионери. Банката денеска ја реализираше исплатата на пензиите за месец декември, овозможувајќи навремено и непречено располагање со средствата во период кога финансиската сигурност е од особено значење.

– Со оваа активност, АЛТА Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон континуирано унапредување на квалитетот на услугата, грижата за клиентите и обезбедувањето стабилно, сигурно и навремено банкарско работење – велат од Банката.






Оттаму додаваат и дека Банката ќе продолжи да ги следи потребите на своите клиенти и да креира решенија кои придонесуваат за нивна поголема финансиска сигурност.

АЛТА Банка им посакува на сите клиенти среќни празници, добро здравје и успешна Нова 2026 година.

Поврзани содржини