ИНСПЕКТОРИТЕ ВО КОНТРОЛА НА МЕСАРНИЦИ РИБАРНИЦИ И УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ Откриени и уништени се повеќе од 624 килограми небезбедна храна
Инспекторите направија 423 надзор во гостилници и ресторани и 228 воредни контроли кај оператори за храна од животинско потекло.
Небезбедна храна и храна со поминат рок, несоодветно складирање на храна, нередовно ажурирање на записите за HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, открија инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при вонередните контроли на месарници, рибарници, и угостителски објекти.
Инспекторите направија 423 надзор во гостилници и ресторани и 228 воредни контроли кај оператори за храна од животинско потекло.
Притоа се изречени се 60 парични казни во вредност од над 33.000 евра за операторите и одговорните лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности, а како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезнедна храна, од кои 567 килограми производи од месо.
-Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура – велат од АХВ.