НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА КАМАТИТЕ НА БАНКИТЕ Просечната камата на депозитите изнесува 2,80%, а на кредитите 4,80%

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во ноември, на месечна основа е намалена  за 0,01 п.п. во однос на октомври и изнесувала 2,13%. Кај корпоративниот сектор, пак, просечната каматна стапка на вкупните депозити  изнесувала 2,60% и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво.

122

Каматната стапки на вкупните депозити забележала годишен раст од 0,06 процентни поени во ноември и изнесувала 2,18%, додека просечната каматна стапка на вкупните кредити забележала годишен пад од 0,56 процентни поени изнесувал 4,80%, објави Народната банка.

Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесувала 4,54% и на месечна основа забележала зголемување од 0,05 п.п., на на годишно ниво се намалила за 0,28 п.п.






Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележала пад во ноември на месечна и на
годишна основа од 0,07 п.п. односно од 0,53 п.п.. Таа во ноември изнесувала 2,27%.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во ноември, оствари месечно намалување од 0,02 п.п. и изнесувала 5,19%.

Кај корпоративниот сектор забележан е раст од 0,02 п.п. на просечната каматна стапка на вкупните кредити во однос на претходниот месец и изнесувала 4,41%.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во ноември, на месечна основа е намалена  за 0,01 п.п. во однос на октомври и изнесувала 2,13%. Кај корпоративниот сектор, пак, просечната каматна стапка на вкупните депозити  изнесувала 2,60% и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво.

 

Поврзани содржини