📽️ ЈОКИЌ ИЗБЕГНА ТЕШКА ПОВРЕДА Доктор од САД откри кога пак ќе заигра асот

Познатиот спортски доктор Брајан Сатерер внимателно го анализирал снимениот момент и објаснил дека станува збор за хиперекстензија на левото колено. Тој нагласил дека ситуацијата не изгледа драматично бидејќи Јокиќ не добил директен удар и не трчал во моментот на повредата.

1,204

Српскиот ас на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ја избегна тешката судбина откако го извитка глуждот  три секунди пред полувремето ноќеска на гостувањето кај Мајами хит.

Доктор од САД откри дека повредата е полесна од очекуваното.






– Малку го извитка глуждот, но ќе се фокусираме на левото колено. Станува збор за хиперекстензија со пониско ниво. Колку подалеку оди коленото, толку поголем стрес трпи, но овде не гледам сериозна повреда – рекол Брајан Сатерер, познат на Јутјуб по своите детални медицински анализи на спортски повреди.

Сатерер внимателно го анализирал снимениот момент и објаснил дека станува збор за хиперекстензија на левото колено. Тој нагласил дека ситуацијата не изгледа драматично бидејќи Јокиќ не добил директен удар и не трчал во моментот на повредата.

– Добро е што никој не го удрил директно во коленото. Ниту тој не трчаше, што е позитивно, како кај случајот со Патрик Махоумс – додал докторот.

Сатерер проценил дека Јокиќ најверојатно ќе паузира една до две недели.

– Прво зборуваме за модринка на коленото, контузија што ја погодува коската. Во вакви ситуации, паузата е обично една или две недели. Можеби ќе има микрофрактури, но тоа е вообичаено. Според сè што гледам, повеќе сум оптимист отколку песимист – завршил тој.

Иако докторот предупредил дека секоја повреда носи свои ризици, тој верува дека српскиот центар нема да има долгорочно отсуство, што е големо олеснување и за тимот и за навивачите.

Јокиќ се повреди при контакт со неговиот соиграч Спенсер Џонс.

Во 32 натпревари во НБА оваа сезона, српскиот кошаркар има просек од 29,6 поени, 12,2 скока и 11 асистенции.

 

 

Поврзани содржини