ПРОМАШИВМЕ 5 ПЕНАЛИ, НЕДОСТАСУВАШЕ ЛАЗАРЕВСКИ Тежок старт за македонските ракометари на квалификациите за ЕП2026

Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се обидеме со некои нови сили. Ни недостасуваше Лазаревски, но добро…, изјави селекторот на македонската репрезентација Кире Лазаров за „Спортске новости“.

168

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не е премногу разочаран од вчерашниот пораз на првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство 2026.

Македонските ракометари загубија во Пореч од Хрватска со 23:26.






– Промашивме 5 пенали, 3 на почетокот, а така не може ништо да се направи. Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се обидеме со некои нови сили. Ни недостасуваше Лазаревски, но добро… Продолжуваме овде до 30 декември, потоа одиме во Швајцарија на турнир, а потоа на Европското првенство. Нема да биде лесно, нашите очекувања се секогаш високи, ако победевме и денеска ќе беа уште поголеми, но ќе се бориме – изјави Лазаров за „Спортске новости“.

На ЕП 2026 „Црвено-жолтите“ се во група со Данска, Португалија и Романија.

Поврзани содржини