ЕКСПРЕСНА РЕАКЦИЈА НА СУДОТ Кавадарчанецот кој со кола удри полицаец доби една година затвор

Полицаецот бил тешко повреден во стомакот и левата нога.

979

Кавадарчанец (46) доби една година затворска казна откако призна дека со својот автомобил удрил полицаец во обид да избегне легитимирање.

Како што соопштија од обвинителството, немилиот настан се случил  21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи автомобил „фолксваген“, не застанал на полициски знак и продолжил да вози. На него тргнала полициска потера од две возила и на една од раскрсниците бил опколен од полицијата, но и тогаш тој не сакал да се предаде. го засилил возилото и удрил директно во полицаецот и во едно од полициските возила и избегал од местото.






Полицаецот бил тешко повреден во стомакот и левата нога.

Полицијата го уапсила на  25 декември. Веќе следниот ден бил изведен пред суд каде што го признал делото, а судот во Кавадарци го прогласи за виновен и му изрече казна затвор од една година.

Поврзани содржини