СО ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СЕ ЗАОСТРУВА КАЗНЕНАТА ПОЛИТИКА ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Казните за злоупотреби се построги и од времето пред измените на КЗ во 2023 година

Пратеникот Бојан Стојаноски вели дека со измените во Кривичниот законик се проширува основот за инкриминација и за гонење при злоупотреба на службена должност и дека се заоструваат затворските казни.

209

Со измените на Кривичниот законик се проширува основата за инкриминација и се зголемува казнената политика, дури и за дела сторени пред 2023 година, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

– Овој закон кој е поднесен од нас е преодно решение, бидејќи во февруари Уставниот суд побара од Собранието да се донесе нов Кривичен законик, бидејќи ако не се случеше тоа ќе се направеше еден феномен на „правна празнина“, којшто потоа сите оние што во овој момент одговараат или се пред судовите со вакви квалификативи ќе можеа да бидат амнестирани од одговорност. Во овој момент има 2 процеси во нашата држава, еден процес на овој закон којшто е преодно решение до наредната година и нов Кривичен законик којшто ќе биде изгласан наредната година, а којшто е во согласност со европската регулатива. Тоа што треба да го знаат граѓаните ќе го сумирам во една реченица, се враќаат сите правни квалификативи со коишто можат да бидат инкриминирани дури и пред 2023 година и се заоструваат затворските казни – рече Стојаноски во гостување на Алсат.






Пратеникот Стојаноски посочи дека со измените во Кривичниот законик се проширува основот за инкриминација и за гонење при злоупотреба на службена должност, а воедно и дека се заоструваат затворските казни.

– Само што ги поднесовме измените ние кажавме дека го прошируваме основот на инкриминација дури повеќе од 2023 година, ако го споредуваме законот што важел пред 2023 година и овој, овој наш поднесен предлог повеќе ги проширува основите за инкриминација и ја заострува затворската казна. Не само што ја зголемува платформата за инкриминација и за гонење по членот 353 односно Злоупотреба на службената должност и овластување, туку и ги заострува затворските казни, доколку некој тоа го стори – рече Стојаноски.

Поврзани содржини