„КУЛ СЕСТРАТА“ ЖИЛЕЈН, ГЛАВНА ВО МРЕЖАТА НА ЕПШТАЈН Откриено како ги врбувала младите тинејџерки

Во еден случај, на ранчот во Ново Мексико, Жилејн Максвел ѝ дала упатства на 16-годишна тинејџерка како да му прави масажа на Епштајн, додека во друго сведоштво жртва ја опишува како „весела, лесна и безгрижна“, што ја натерало да мисли дека сè е прифатливо.

539

Новите федерални документи ја разголуваат улогата на Жилејн Максвел во најмрачните кругови околу милијардерот Џефри Епштајн. Сведочењата откриваат дека таа се претставувала како „неговата кул постара сестра“, со насмевка која служела да ги разоружа жртвите, додека постепено ги вовлекувала во неговата мрежа.

Максвел, која издржува 20-годишна затворска казна за трговија со луѓе, според документите, била „нормализатор“ на злоставувањето. Сведоците пред големата порота опишале дека со шеги и навидум случајни гестови, како кога се сончала топлес крај базенот, го ублажувала ужасот на она што следело.






– Таа се однесуваше како тоа да е нормално – изјавил еден агент, цитирајќи ја жртвата.

„Кул сестра“ во служба на злосторството

Жената идентификувана како „Џејн“ сведочела дека била само 14 години кога Епштајн почнал да ја злоупотребува, често во присуство на Максвел. „Имаше раце насекаде,“ изјавила таа. Други искази го потврдуваат истиот образец: Максвел присуствувала, се шегувала, ги насочувала девојките „што да прават“.

Во еден случај, на ранчот во Ново Мексико, Максвел ѝ дала упатства на 16-годишна тинејџерка како да му прави масажа на Епштајн, додека во друго сведоштво жртва ја опишува како „весела, лесна и безгрижна“, што ја натерало да мисли дека сè е прифатливо.

Тишината како соучесник

Во некои рани испрашувања, жртвите не ја спомнувале Максвел. Причината – никој не ги прашал. Агентот потврдил: „Не беше прашана.“ Дури подоцна, кога делата на Епштајн веќе станале јавна тајна, нејзината улога била разобличена.

Керолин, уште една од сведанките, починала од предозирање во 2023 година. Нејзиниот случај останува симбол за долготрајната траума што ја оставила оваа мрежа.

„Овие транскрипти не се доказ за вина“

Иан Максвел, нејзиниот брат, во реакција рече дека материјалите се „еднострани“ и дека не даваат „целосна слика за фактите“. Тој повика јавноста да не ги меша исказите од големата порота со докажани факти.

Но документите, кои излегоа во јавност токму додека Максвел се обидува да ја поништи пресудата, нудат морничав увид во тоа како се создавал амбиентот на „нормалност“ околу злосторството.

 

Поврзани содржини