ТРЕНЧЕВСКА И ТРАЈАНОВСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ Избрани се и членови на Извршниот одбор

Во Извршниот одбор, меѓу другите, се Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ.

2,218

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ. Како што соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на прес-конференција по завршувањето на седницата на Централниот одбор, генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски.

На оваа седница се избрани и членови на Извршниот одбор, а формиран е и советодавен совет на партијата кој ќе го предводи поранешната потпретседателка на партијата Ана Чупевска.






Членови на Извршниот одбор, според Филипче, се дел млади дел искусни членови на партијата, а искусните, како што нагласи, ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите.

– Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна, криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами. На денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци… Го формиравме и советот на партијата кој ќе има улога и во тој дел да привлекува слободоумни луѓе кои ги делат нашите вредносни политики и поради тоа што Нашиот фронт кој го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте затоа што ние се спремаме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните – рече на прес-конференцијата Филипче.

Ние сме тие, рече претседателот на СДСМ, кои „ќе стават крај на политиката на изолацијата на државата од Европа и кои ќе стават крај на корупцијата и криминалот, но и на предавството на нашата земја преку проектот мигранти за пари.

Во Извршниот одбор, меѓу другите, се Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ.

Според претходните најави на Филипче, Фани Каранфиловска Пановска ќе остане заменик-претседател, додека нејзината оставка треба да ја констатира Конгресот. Со овие избори, СДСМ има комплетно обновено раководство кое ќе ги води партиските активности и иницијативи во наредниот период.

Поврзани содржини