УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ НА КРУЖНИОТ ТЕК ВО ВЛАЕ И ИЗБЕГАЛ Возачот е најден и приведен, полицаецот е повреден
Лишен од слобода е возачот кој во Скопје со возило „мерцедес“ удрил во полициски службеник и избегал од местото на настанот, соопшти полицијата.
Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронашле и го лишиле од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од улиците Борис Сарафов, Лука Геров, Македонски војски и булеварот Партизански одреди во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.