НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ Бројот на активни фирми порасна на 80.000

Директорката на Централниот регистар Анита Стамнова вели декае во пораст и трендот на фирмите кои електронски поднесуваат завршни сметки

53

Околу 80 000 компании се активни во земјава, а за 40% е зголемен бројот на оние што електронски поднесуваат сметки, информира денеска директорката на Централниот регистар Анита Стамнова.

Како што истакна Стамнова, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Царинската управа, се помала е тенденцијата на бизнисот за работење со документи во хартиена форма.






-Имаме зголемување на бројот на отворени, наспроти затворени компании. Евидентен е интересот кај бизнисот за дигитализирано, електронско работење – потенцира директорката.

На прес-конференцијата беше соопштено дека Царинската управа и Централниот регистар се поврзуваат електронски што ќе значи големо олеснување за граѓаните кои не ќе мораат да шетаат од шалтер на шалтер, туку потребните документи ќе ги добиваат електронски.

Поврзани содржини