САРДИНИ ИЛИ ТУНА? Која конзервирана риба има повеќе омега-3 масни киселини и протеини?

Иако туната се смета за добар извор на омега-3 масни киселини со своите 128 мг на 100 грама конзервирана риба, сардините нудат речиси осум пати повеќе во истата порција: дури 982 милиграми! Кога станува збор за протеините, во предност е туната….

55

Сардините и туната се препорачуваат од нутриционистите бидејќи му обезбедуваат на телото висококвалитетни протеини и здрави за срцето долговерижни омега-3 масни киселини, вклучувајќи докозахексаеноична киселина (DHA) и еикозапентаеноична киселина (EPA).






Ако споредиме 100 грама сардини со истата количина туна конзервирана во масло, јасно е дека обете риби се одлични извори на протеини и омега-3 масни киселини. Нивните нутритивни профили може да варираат во зависност од тоа како рибата е подготвена и спакувана, на пример, дали е конзервирана во масло или во вода, исцедена или неисцедена, зготвена или незготвена, пишува Verywell Health.

100 г конзервирани сардини содржат 208 kcal во споредба со 198 kcal од туна, но имаат малку помалку протеини, односно 24,6 g во споредба со 29,1 g кај туната.

Сардините имаат 11,4 г вкупни масти, а туната 8,2 г. Но, кога станува збор за омега-3 масни киселини (EPA и DHA), сардините имаат огромна предност: на 100 г содржат дури 982 мг омега-3, а туната 128 мг.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини