„ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА САНКЦИИТЕ НА САД Нафтените деривати ги обезбедува од домашни трговци

Првиот регулатор вели дека „Лукоил Македонија“ во изминатиот период се однесуваше исклучително коректно и не отпушти ниту еден од своите вработени и ги презеде сите мерки за да функционира нормално.

109

Добро е што е дозволено бензинските пумпи на „Лукоил“ да работат во земјите каде што ги има, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и нагласи дека во изминатиот месец и покрај санкциите нема никакви проблеми во функционирањето на „Лукоил Македонија“.

-Нема никакви проблеми во снабдувањето со нафтени деривати и се се одвива нормално. Тоа е поради фактот што Македонија е најмалку засегната од сите останати земји, пред се, поради тоа што во Македонија нема рафинерија ни „Лукоил“ ниту, пак, некоја друга рафинерија во сопственост на Руската Федерација. Оваа најнова одлука на САД сигурно ќе ја подобри ситуацијата – рече Бислимоски.






Тој нагласи дека „Лукоил Македонија“ во изминатиот период се однесуваше исклучително коректно и не отпушти ниту еден од своите вработени и ги презеде сите мерки за да функционира нормално.

– Според информациите кои ги имам „Лукоил Македонија“ обезбедува нафтени деривати од трговците во државата. Заради тоа немаше прекин во снабдувањето со нафтени деривати – рече Бислимоски.

Поврзани содржини