АКО НЕКОЈ БРЗАЛ ДА СПАСИ ЖИВОТ, НЕМА ДА БИДЕ КАЗНЕТ Полицијата ги следи сите трикови за криење на регистрациите
МВР внимателно ги следи сите трикови што кружат на интернет за можни обиди за сокривање регистарски таблички со гелови, лакови или ливчиња и ќе реагира доколку се појават такви случаи.
Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, појасни дека системот „Сејф сити“ ќе прави разлика меѓу реални итни ситуации и прекршоци, нагласувајќи дека нема да се казнуваат возачи кои имаат оправдана причина да возат со четири трепкачи.
– Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот – свој или на близок. Ако човекот одел во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната ќе се повлече – изјави Топаловски во поткастот „Претрес“.
Тој истакна дека системот не е создаден да санкционира возачи кои имаат технички проблем.
– Ако некој има расипано возило и вози со четири трепкачи, сигурно нема да добие казна – вели началникот.
Топаловски објасни дека „Сејф сити“ е технички поставен така што ниеден видео-запис не може да биде избришан.
– Системот е дизајниран никој да нема можност да избрише видео-запис. Не може да се случи прекршок да не биде процесиран. Системот ќе ги обработи сите прекршоци и известувањето ќе стигне на електронска пошта или преку порака – рече тој.
МВР внимателно ги следи сите трикови што кружат на интернет за можни обиди за сокривање регистарски таблички со гелови, лакови или ливчиња и ќе реагира доколку се појават такви случаи.